Квалификации за ЕУРО 2024

Загубивме од Бугарија, сега ќе се „крстиме“ во Косово и Грција

Лошиот настап на Македонија во Лигата на нации синоќа кулиминираше со поразот од Бугарија во Скопје, а тоа може да нè чини пад во петтиот шешир пред ждрепката за квалификациите за ЕУРО 2024 која е закжана за 9. октомври. 

Македонската фудбалска репрезентација потфрли во Лигата на нации, го победивме само Гибралтар, двапати загубивме од Грузија, еднаш од Бугарија, одигравме и едно реми со источниот сосед.
 
Со вчерашниот пораз паднавме на третото место во групата од Лига Ц, Бугарија излезе пред нас, а овој резултат може да влијае на тоа во кој шешир ќе се најдеме при ждрепката за квалификациските групи за ЕУРО 2024. Што е многу важно.
 
Сега зависиме од два натпревари кои се играат денеска, дуелот меѓу Косово и Кипар и мечот меѓу Грција и Северна Ирска.
 
Математиката вели дека доволно е да ни се погоди еден резултат од овие два меча за да останеме во четвртиот шешир.
 
Косово, Кипар и Северна Ирска се селекциите кои со победи можат да ја стигнат Македонија во рангирањето според кое се прават шеширите за квалификациите. Можеме да си дозволиме само една од овие три селекции да ја престигне нашата репрезентација, во споритвно ќе паднеме во петтиот шешир.
 
Во прилог ни оди фактот што Косово и Кипар играат меѓусебен дуел, што значи дека само една селекција од нив може да нè прескокне. Но доколку нивниот натпревар заврши нерешено, остануваме во четвртиот шешир бидејќи со реми и двете селекции ќе останат зад нас.
 
Доколку победи некој од Косово или Кипар, погледите ќе ги насочиме кон дуелот меѓу Грција и Северна Ирска. На овој меч потребно ни е само Грците да не загубат, секој друг резултат ни оди во прилог.
 
Шансите за останување во четвртиот шешир ни се големи, но сепак дојдовме до ситуација во која зависиме од резултати на други мечеви.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе