ЕВРО 2020

Заев ќе навива за Македонија од „Националната арена“ во Букурешт

Македонскиот премиер, Зоран Заев денеска ќе биде присутен на стадионот во Букурешт каде Македонија ќе го има дебитантскиот настап на Европските првенства. 

Денеска со почеток од 18 часот, македонската фудбалска репрезентација ќе го има своето деби на големите фудбалски турнири, противник ни е Австрија.
 
На трибините на „Националната арена“ во Букурешт ќе има повеќе од 2.000 Македонци, а меѓу нив ќе биде и премиерот Зоран Заев.
 
И покрај полемиките со раководството на ФФМ, премиерот успеа да најде начин како да ги поздрави фудбалерите пред заминувањето од Скопје. Тогаш се појави на аеродромот пред самиот лет, а денеска ќе ги бодри од местото на настанот, историски за нас.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе