Иако МНР не се согласи со грчките барања

Заев им вети на Грците: Сите знаат дека фудбалерите ја претставуваат Северна Македонија, ќе го решиме проблемот со дресот

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во писмена изјава за грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ и за нивната националана телевизија ЕРТ вети дека ќе го реши проблемот со македонскиот дрес кој е спорен за Грција. 

На Грција не ѝ се допаднаа македонските дресови, тие реагираа до УЕФА и до нашето МНР за кратенката ФФМ. Сметаат дека на дресовите не смее да стои ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) бидејќи според Преспанскиот договор името на земјата е Северна Македонија.
 
Иако министерот за надворешни работи, Бујар Османи им одговори на Грците дека ФФМ нема обврска да го менува името, премиерот Зоран Заев денеска им вети дека ќе го реши и овој проблем, како што бараат тие.
 
„Цела Европа знае дека нашиот национален тим ја претставува Северна Македонија на првенството“, вели Заев во писмената изјава.
 
„Дури иако Федерацијата не е јавен субјект, националниот тим е, како што е случај и во сите земји во светот. Така е, и тоа мора да биде јасно на сите нивоа и на секого дека тоа е репрезентација на Северна Македонија, без оглед на иницијалите на Фудбалската федерација на дресот“.
 
„Ние веќе го покренавме ова прашање со федерациијата и тоа треба да се реши во блиска иднина врз основа на договорот од Преспа и правилата и традициите на УЕФА“.
 
„Имплементацијата на договорот од Преспа е работа што е во тек и нашата цел е постепено со нашитие соседи да наоѓаме решенија со кои ќе се спроведува договорот и кои ќе нè туркаат напред, врз основа на соработка и меѓусебна почит“.



 
 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе