За спречување на насилство на спортските терени СВР Тетово организира средба со клубовите и навивачите

СВР Тетово во рамки на кампањата „Безбедно лето" од денеска започна да организира средби со претставници на спортските клубови.

Целта е граѓаните секогаш и секаде да се чувствуваат безбедно – во сообраќајот, на спортски натпревари, во шума, на плажа или на други места на кои престојуваат летово и ќе престојуваат во наредните денови и месеци.
 
–Во рамки на планираните превентивни активности на СВР Тетово, а кои претставуваат координирани содржини од „Безбедно лето 2022″,  денеска 17 август во Тетово се одржа средба со претставници на Фудбалскиот клуб „Тетекс 1953". На средбата, полициски службеници на Отсекот за превенција, Одделението за полиција и Полициската станица Тетово поблиску ги запознаа присутните со одредбите на Законот за спречување насилство на спортските натпревари и со нивните обврски кои произлегуваат од овој закон, пред се на организационен план.Тие, исто така, беа информирани и за тоа што треба да прават и направат кога на гостувањата ќе ги следат нивни навивачки групи, со цел да се превенираат можни инциденти и други несакани појави, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.
 
Според Јосифоски, претставниците на второлигашот „Тетекс 1953" искажаа целосна подготвеност за соработка со полицијата кога станува збор за организацијата на натпреварите, навивањето и се друго, во функција на идно непречено и безбедно лигашко натпреварување.
 
Средбите со останатите клубови и навивачки групи ќе се одржат од денес во текот на работните денови од овие две недели.
 
МИА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе