Објавени кандидатите за престижната индивидуална награда

За прв пат по 2005 година, Лео Меси го нема на листата за „Златната топка“!

Франс Фудбал денеска ги објави имињата на 30-те фудбалери кои ќе конкурираат за престижната награда „Златна топка", актуелниот освојувач Лео Меси не се најде на списокот за прв пат по 2005 година.

Лео Меси минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ, не импресионираше во првата сезона во Франција, па сега не се најде ниту помеѓу 30-те фудбалери кои ќе конкурираат за „Златната топка“.

Франс Фудбал вечерва ги откри имињата на фудбалерите кои ќе конкурираат за престижната индивидуална награда, и за прв пат по 2005 година, таму го нема Аргентинецот.

Од она што беше прикажно изминатиов период, Карим Бензема е главен фаворит за „Златната топка“ и ќе биде големо изненадување доколку некој друг биде прогласен за Играч на годината.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе