Ла Лига

За крај на сезоната во Примера, Меси се отпиша со два погодока за 100 секунди, Де Бласис постигна голазо (ВИДЕО)

Еибар и Барселона ги поделија бодовите во послендиот натпревар оваа сезона во Примера, Лео Меси се отпиша со два гола за 100 секунди а Де Бласис постигна погодок кој сигурно ќе биде кандидат за најубав оваа сезона.

Со мечот помеѓу Еибар и Барселона на Ипуруа се спушти завесата во Примера. Натпреварот немаше никакво резултатско значење, но актерите не потфрлија. 

Првите 45 минути беа прилично возбудливи, Кукуреља, кој е на позајмица од Барса во Еибар, го совлада Силесен за 1-0 во 20. минута од мечот. 

Потоа следуваа 100 секунди во кој Лео Меси два пати ја начна мрежата на домаќините. Најпрво во 31. минута доби топка од Видал за 1-1, за веќе во 32. минута да излезе сам пред противничкиот голман и ја префрли топката преку него за 1-2.

Најубавиот момент на мечот се случи во финишот од првиот дел кога Де Ласис од далечина мајсторски затафи полуволеј и го лобуваше истрчаниот Силесен за 2-2.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе