Ла Лига

За крај на сезоната, Меси испиша историја и го урна рекордот на Чави од пред 11 години (ФОТО И ВИДЕО)

Барселона со 0-5 славеше на гостувањето кај Алавес во својот последен меч од Ла Лига оваа сезона, Лео Меси испиша историја и го урна рекордот на Чави од пред 11 години, Аргентинецот стигна до 21 асистенција.

„Каталонците“ иако немаа за што да играат денеска, прикажаа многу подобра партија од изминатите натпревари и триумфираа со убедливи 0-5. Резултатот го отовори младиот Фати на додавање на Лео Меси па беше испишана историја.

За Аргентинецот ова беше асистенција број 21 и тој го надмина постигнувањето на Чави од сезоната 2008/09 кога Шпанецот забележа 20 асистенции.

Лео Меси потоа два пати ја затресе мрежата за да стигне до бројката од 25 погодоци и да се зацврсти на врвот во битката за Пичичи трофејот и признанието најдобар стрелец во Ла Лига.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе