Има договор помеѓу сите страни

За Италијаните нема дилема: Елмас утре на лекарски прегледи во Неапол

Медиумите од Италија се убедени дека Елиф Елмас е нов играч на Наполи, последните информации велат дека Македонецот утре ќе пристигне на лекарски прегледи и ќе стави потпис на договорот.

Карло Анчелоти синоќа изјави дека посакува ангажман на модерен фудбалер од средниот ред кој може да одигра на неколку позиции, и денеска голем број на медиуми од Италија пишуваат дека Елиф Елмас треба да се пресели на Сан Паоло.

Се говори дека преговорите се во завршна фаза, двата клуба постигнале дил за зделка вредна 15 милиони евра плус бонуси, а и Елиф Елмас има вербален договор со Наполи.

Последните извештаи велат дека Македонецот веќе денеска или утре ќе отпатува за Италија на лекарски прегледи и да стави потпис на документите.

„Трансферот на Елиф Елмас е пред комплетирање. Внимавајте добро, ова момче е феномен, новиот Фабијан Руиз...“ – напиша на Твитер новинарот Карло Алвино, кој е голем фан на „наполитанците“.

„Преговорите помеѓу Наполи и Елмас се во напредна фаза. Клубот има договор со играчот, кој е желен да се пресели на Сан Поло. Фенербахче бараше 25 милиони евра, но зделката ќе биде комплетирана за помалку. Се чека во преговорите да се вклучи Џинтоли (спортскиот директор на Наполи), неговиот соработници водат разговори со луѓето од Турција“ – напиша новинарот Џовани Ското.

„Наполи е сериозен за Елиф Елмас, денеска се закажани неколку средби за фудбалерот од средниот ред, кој Фенербахче го цени на 18 милиони евра. Целта на Џинтоли е да се добие попуст. Преговорите со таткото на Елмас и посредникот беа позитивни“ – напиша на социјалните мрежи новинарот Николо Скира.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе