„Милионерите“ купија нов напаѓач

За двојно поголема плата потпиша на една година со Борусија Дортмунд и ќе го менува Але

Борусија Дортмунд реши да го ангажира Антони Модест како замена за Себастијан Але, 34 годишниот Французин пристигнува од Келн и ќе потпише на само една година.

Трансфер плановите на Борусија Дортмунд се променија откако на најскапото засилување во историјата на клубот, Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестисите.

„Милионерите“ тргнаа во потрага на нов напаѓач, се поврзуваа со неколку имиња а на крајот одлуката падна на Антони Модест од Келн.

Вчера двата клуба соопштија дека начелно се договориле и останува уште 34 годишниот Французин да ги помине редовните лекарски прегледи.

Се шпекулира дека Антони Модест ќе добие договор на само една година, но можноста да игра во Лигата на шампиони, како и да заработува двојно повеќе (во Дортмунд ќе има плата од 6 милиони евра, наспроти 3,5 милиони евра во Келн) не се одбива лесно.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе