ФА Куп

Вулверхемптон го изненади Манчестер јунајтед и го елиминираше од ФА Купот! (ВИДЕО)

„Волците" по 21 година ќе патуваат на Вембли за полуфинале од ФА Купот откако вечерва го изненадија фаворитот Манчестер јунајтед и триумфираа со 2-1.

Манчестер јунајтед е елиминиран од ФА Купот. „Ѓаволите“ се надеваа дека ќе му застанат на патот на лутиот градски ривал Манчестер Сити на патот кон историски успех и освојување на четири трофеи, но вечерва беа изненадени на гостувањето на „Молињу“.

Вулверхемптон одигра одлично во одбрана и ги искористи шансите кои ги креираше. Хименез најави голема победа во 70. минута откако одлично се снајде во шеснаестникот на гостите.

Шест минути подоцна, Жота искористи едно невнимание на Шо и силно биеше на првата статива за 2-0. До крајот на мечот Рашфорд само постигна почесен гол во 95. минута и ги постави конечните 2-1.

Па „Волците“ за прв пат по 21 година ќе играат на Вембли полуфинале од ФА Купот.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе