РК Вардар

Вујовиќ: Се изненадивме од заминувањето на Гурбиндо, тука го пречекавме со голема еуфорија

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ потврди дека Едуардо Гурбиндо си заминува од клубот и ќе продолжи во Романија. 

Гурбиндо беше дел од подготовките на Вардар, но пред да почне новата сезона тој незадоволен си замина од клубот и деновиве треба да го комплетира трансферот во Динамо Букурешт.
 
На денешната прес-конференција, тренерот Вујовиќ беше запрашан за ситуацијата со Гурбиндо.
 
„Гурбиндо веќе има и романски број, можевте и него да го прашате. Сето ова за нас беше изненадување. Ние уште од првиот ден го пречекавме до еуфорија, тој е еден класа играч и сигурно ќе недостасува, меѓутоа повеќе во одбрана отколку во нападот. Ги имаме тука Њокас и Моралес кои можат да дадат повеќе во напад. Сигурно ќе недостасува Гурбиндо, но кој го нема без него се мора“, вели Вујовиќ.
 
Гурбиндо за шпанските медиуми изјави дека проектот на Вардар не бил таков каков што му бил претставуван и затоа си заминал. Се шпекулира дека тој влегол во кавга со тренерот Веселин Вујовиќ и затоа решил да замине.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе