Германецот во моментов одбива да преговара за нов договор со Ливерпул

Времето во Англија му пречи на Клоп: Кога ќе стане наутро е темно, кога ќе се врати попладне пак е темно

Лошото време на „островото" може да влијае врз иднината на Јирген Клоп во Ливерпул, Германецот е на два ума и во моментов одбива да преговара за нов договор.

Германецот е обврзан кон „црвените“ до 2022, раководството на Ливерпул уште сега сака да ја продолжи соработката со Јирген Клоп но тренерот во моментов одбива да седне на маса.

Неговиот советник, Марк Косицке во разговор со ДАЗН и Гол откри зошто преговорите се на стенд бај и сугерира дека стратегот би можел да замине од Ливерпул поради лошото време на „островото“.

„Договорот на Јиргент е со трајност до 2022 и јавна тајна е дека клубот сака да го продолжи. Но има време за тоа“ - вели Косицке.

„Лошото време во Англија не треба да се потценува. Ливерпул уште во ноември или декември побара да седнеме на маса, но јас кажав „Ајде да почекаме“. Ула (сопругата на Клоп) и Јирген кога ќе станат наутро е темно. Кога повторно ќе се видат попладне, пак е темно или е тмурно и роси“.

„За време на зимската пауза во Германија, доколку времето е навистина лошо, сите одат две недели на одмор, и кога ќе се вратат, веднаш летаат на тренинг камп во некоја сончева дестинација“. 

„Во Англија, пак во овој период тренерите треба да се подготват за десетина натпревари, некогаш и за дури 13. Тие веќе се заморени и не им е лесно“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе