Голманот вечерва имаше партија за заборав

Време му е на Буфон за пензија, прими гол од мртов агол и тоа низ нозе! (ВИДЕО)

Џиџи Буфон минатото лето реши да ја пролонгира кариерата и да потпише за ПСЖ но очигледно легендарниот голман е спренен за пензија, вечерва прими гол од мртов агол и тоа низ нозе.

Легендарниот голман требаше да се пензионира минатото лето, таков беше првичниот план откако не стави потпис на нов договор со Јувентус. Но потоа ПСЖ тропна на неговата врата, и Џиџи Буфон (примамен од парите или желбата за успех во ЛШ) реши да продолжи и стави потпис на едногодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Тој не се изнаигра многу во Париз оваа сезона и лидерите на „светците“ сега се на два ума, дали да ја продолжат соработката со ветеранот или пак да донесат нов голман од светска класа.

Доколку им требаше разубедување дека е истечено времето на Џиџи Буфон, денешниот меч со Ремс покажа дека ветеренот е спремен за пензија. Во последното коло од сезоната, Баба од мртов агол му даде гол низ нозе на Италијанецот.

Ништо подобра не беше и реакцијата на голманот при вториот гол на домаќините, кои на крајот славеа со 3-1.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе