Серија А

Возбудливо миланско дерби, и Милан и Интер има за што да жалат (ВИДЕО)

Милан и Интер ги поделија бодовите во последниот натпревар од 12. коло во Серија А, „нероаѕурите" промашија пенал и неколку добри шанси а и „росонерите" имаат за што да жалат откако ја погодија пречката во финишот.

Дербито на Милано заврши со многу возбуда и без победник. Интер поведе во 11. минута, Чалханоглу од пенал погоди за 0-1, но водството кратко траеше, Де Врај во 17. минута си ја затресе сопствената мрежа за 1-1.

Гостите добија нова прилика за предност во 27. минута кога Дармијан беше соборен во шеснаесетникот, Мартинез овој пат ја превзеде одговорноста но Аргентинецот не успеа да реализира од белата точка.

Во финишот од првото полувреме, Интер креираше нови шанси за гол, Бало Туре на гол линијата го спречи Нико Барела, а Лаутаро Мартинез за малку не беше прецизен.

„Нероаѕурите“ продолжија да притискаат во вториот дел, најдобрата прилика ја имаше Видал, но неговите два обиди беа изблокирани.

Во завршните 15 минути, Интер како да остана без сила, Милан почна да граби напад и во неколку наврати се закани сериозно. Најблиску до гол беше Саламекаерс, но неговиот удар во 90. минута заврши во стативата.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе