Формула 1

Возбудлива завршница на квалификациите во Португалија, Хамилтон ја украде пол-позицијата од Ботас

Луис Хамилтон стигна до пол-позиција на ГН на Португалија, Британецот го забележа најдобриот круг дури откако истече времето од сесијата и го разочара тимскиот колега Валтери Ботас.

Возбудлива завршница на квалификациите во Португалија, Луис Хамилтон ја укреда пол-позицијата од Валтери Ботас. Финецот имаше најдобро време на сите слободни тренинзи, и се чинеше дека ќе стартува како прв откако во вториот обид во третата сесија постави време од 1:16.754.

Сепак, Британецот покажа зошто доминира во последните неколку години, и откако истече времето од сесијата, тој комплетираше круг за 1:16.652 и го разочара својот тимски колега.

Макс Верстапен беше единствениот друг возач кој постави време под минута и 17 секунди, но не можеше да се замеша во битката за пол-позиција. Друштво во третиот ред ќе му прави Шарл Леклер, кој уште еднаш дека има подобрувања од Ферари.

Потоа следуваа Серхио Перез, Алекс Албон, Карлос Саинц, Ландо Норис, Пјер Гасли и Даниел Рикардо.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе