Примера

Возбудлив меч со седум погодока, Гризман ја предводеше Барса до пресврт против Бетис (ВИДЕО)

Антоан Гризман покажа што има да понуди, Французинот со два гола ја предводеше Барселона до пресврт и триумф од 5-2 на Бетис.

Во воведното коло од новата сезона, и Барселона и Бетис загубија, па на двата тима вечерва очајно им требаше победа. Гостите беа тие кои го зададоа првиот удар, Фекир погоди за 0-1.

Пред крајот на првиот дел, Гризман го постигна својот прв гол во дресот на „каталонците“ и изедначи на 1-1.

На стартот од вториот дел, Французинот прекрасно пласираше од работ на шеснаесетникот за 2-1 и најави шоу на Камп Ноу. Кратко потоа Перез зголеми на 3-1, а по еден час игра Алба реализираше за 4-1.

Видал во 77. минута погоди за 5-1, а конечниот резултат го постави Лорен, кој 120 секунди подоцна, испрати еден проектил од далечина за 5-2.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе