Голазо во последните мигови за победа на Тотнем во Сингапур

Возбудлив меч со пет гола, Кејн со спектакуларен погодок од половина терен го реши Јувентус (ВИДЕО)

Тотнем ја доби пресметката со Јувентус на Интернационалниот куп на шампиони, Хари Кејн во последните мигови од мечот погоди од половина терен и донесе триумф од 3-2.

Возбудлив меч во Сингапур помеѓу Јувентус и Тотнем, публиката виде пет гола, а најубавиот момент се случи во последните мигови кога Хари Кејн од половина терен биеше прецизно и го лобуваше излезениот Шчесни.

„Спарси“ поведоа по половина час игра кога Матуиди лошо врати една топка и отвори контра на противникот. Буфон го одбрани ударот на Пароу, но прв до одбиената топка стигна Ламела и погоди за водство на Тотнем.

Јувентус по само 15 минути игра во вториот дел направи целосен пресврт. Најпрво ново влезениот Игуаин одлично комбинираше со Бернардески и погоди за 1-1, за потоа Роналдо да добие употреблива топка од Де Шиљо и да реализира за 2-1. 

Тотнем сепак брзо се врати, Лукас одлично се снајде по едно додавање на Ндомбеле и изедначи на 2-2. 

И кога се чинеше дека пенали ќе го решат победникот, во последната минута од мечот, Рабио изгуби топка на средината од теренот а Кејн без размислување на прва биеше и го лобуваше излезениот Шчесни за 3-2 и победа на Тотнем.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе