Ауди Куп

Возбудлив меч со осум гола и прва победа на Реал на подготовките, Бензема донесе малку мир за Зидан (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Фенербахче приредија голеада на Ауди Куп, „кралевите" на крјот триумфираа со 5-3 и ја забележаа првата победа на подготовките за новата сезона.

Избраниците на Зинедин Зидан прилично се мачат на контролните мечеви ова лето, против Атлетико беа понижени со 7-3 и немаа ниту една победа (дуелот со Арсенал заврши нерешено во регуларниот дел, Реал беше подобар на пенали).

„Кралевите“ сепак вечерва конечно се израдуваа на триумф, го совладаа Фенербахче со 5-3 на Ауди Куп.

Мечот почна лошо за Реал, Фенер поведе рано со голот на Родригес а веднаш потоа имаше и прилика за 2-0, но Кејлор одбрани а дефанзивците расчистуваа на гол линија.

Една грешна на гостите го врати Реал во игра, Бензема изедначи на 1-1 во 12. минута. Напаѓачот потоа погоди и за 2-1, но Дирар се погрижи на полувреме да се замине со 2-2.

Бензема комплетираше хет-трик во 53. минута за водство од 3-2, но Фенер не се предаде и преку Туфан изедначи на 3-3 по еден час игра.

Сепак, само 120 секунди подоцна Начо го врати Реал во водство, за Маријано во 80. минута да ги постави конечните 5-3.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе