Суперкуп на Германија

Возбудлив меч со 8 погодоци, Баерн до нова титула, Мане не можеше полесно до деби гол (ВИДЕО)

Баерн Минхен го освои Суперкупот на Германија, во возбудлив натпревар со 8 погодоци, „баварците" славеа со 3-5 на гостувањето кај РБ Лајпциг.

Баерн Минхен стигна до нова титула, избраниците на Нагелсман вечерва го совладаа РБ Лајпциг со 3-5 во Суперкупот на Германија.

Мусиала го отвори резултатот во 14. минута, за по половина час игра, Садио Мане да стигне до деби погодокот. Сенегалецот верјатно не можеше полесно да се запише во листата на стрелците откако Гнабри несебнично го поигра и му овозможи од пет метри да ја затресе мрежата.

Пред крајот на првиот дел, Павар стрелаше за 0-3 и убедива предност на Баерн Минхен на паузата.

По еден час игра, Халштенберг намали на 1-3, но пет минути подоцна Гнабри го врати водството на гостите од три гола.

РБ Лајпциг не се предаде, Нкунку од пенал намали на 2-4 во 77. минута, за Олмо да погоди во 89. минута за 3-4 и неизвесен финиш.

Сепак, Сане длабоко во судиското надополнување ја потврди победата и ги постави конечните 3-5.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе