Дефанзивецот се најде во необична ситуација

Вокер застана на голот на Манчестер Сити и имаше повеќе одбрани од Едерсон и Браво (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер бранеше во последните десетина минути од натпреварот против Аталанта и одлично си ја заврши необичната задача. 

На полувремето Пеп Гвардиола го извади голманот Едерсон, а на негово место влезе Клаудио Браво кој во 81. минута направи прекршок надвор од својот шеснаесетник и заработи црвен картон.
 
Гвардиола во игра го внесе Кајл Вокер и му даде задача да биде голман. Интересна ситуација.
 
Кајл Вокер одбрани шут од слободен удар на Аталанта. Дефанзивецот имаше една одбрана, за разлика од вистинските голмани на Манчестер Сити, Едерсон и Браво кои немаа ниту една.
 
Аталанта на мечот упати два удари во рамките од голот на Сити, еднаш даде гол, а еднаш ударот им го одбрани Вокер.
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе