Трагична вест од Србија

Во тешка сообраќајна несреќа загина легендата на Партизан, Миодраг Јешиќ (ФОТО)

Поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, Миодраг Јешиќ загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила меѓу Рума и Јарак во Србија. 

Српските медиуми јавуваат дека несреќата се случила во претпладневните часови кога Јешиќ загубил контрола врз своето возило, преминал на спротивната лента и удрил директно во камион.
 
Јешиќ ја почна сениорската кариера во редовите на „црно-белите“, каде што играше од 1980 до 1985 година, а потоа се пресели во Турција и настапуваше за Алтај и Трабзонспор, по што во српскиот гигант се врати во 1991 година, додека неговата кариера ја заврши три години подоцна во Алтај.
 
За време на тренерската кариера предводеше голем број клубови во Србија и странство, а на клупата на „црно-белите“ беше во два мандати, и тоа во сезоната 1999/00 и 2006/07.
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе