Трагедија во Холандија

Во сообраќајна несреќа загинаа фудбалер на Ајакс и неговиот брат

Во тешка сообраќајна несреќа во Холандија загина голем талент на Ајакс, Ноа Гасер, како и неговиот брат. 

16-годишниот Ноа Гасер важеше за голем фудбалски талент на кој му се предвидуваше светла иднина. За жал тој утринава го загуби својот живот заедно со неговиот брат.
 
Сообраќајната несреќа се случила во близина на градот Утрехт кога автомобилот со кој се возеле Ноа Гасер и неговиот 18-годишен брат се судрил со такси. 
 
Двајцата браќа починале на лице место, таксистот е надвор од животна опасност.
 
„Ајакс е длабоко пододен од трагичната смрт на младиот Ноа Гесер. Нашите мисли се со неговото семејство, пријатели и роднини“, соопшти Ајакс.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе