Реал Мадрид во понеделникот киксираше на гостувањето кај Рајо, за прв пат загуби во Ла Лига оваа сезона и на Барселона и го препушти врвот на табелата.
Малку фалеше „каталонците“ вчера да не го искористат подарокот од лутиот ривал, губеа со 1-0 на гостувањето кај Осасуна и играа со играч помалку откако Роберт Левандовски за половина час доби два жолти картони и беше исклучен.
Сепак, и со играч помалку, избраниците на Чави направија пресврт во продолжението од мечот, Педри на стартот од вториот дел изедначи на 1-1 за Рафиња на 5 минути пред крајот да погоди со глава од 16 местри за 1-2 и голема радост.
Со овие три бода, Барселона се погрижи на пауза да замине како лидер, па во соблекувалната имаше славје.
Во емисијата „Ел Чирингито беше откриена дел од атмосферата во соблекувалната каде се скандирало, „Победивме против 11 од Осасуна и 1 од Реал Мадрид!“
Ова е зајадлив коментар за судијата Хесус Хил Манзано, кој очигледно го навлече гневот на Барса со своите одлуки.