Серија А

Во Рим заврши победничката серија на Наполи (ВИДЕО)

Рома и Наполи одиграа без голови 0-0, заврши победничката серија на тимот на Лучијано Спалети, Елмас ги одигра последнит 20 минути од мечот. 

Голема борба, неколку големи шанси и исклучување на Мурињо го одбележаа дербито на Олимпико меѓу Рома и Наполи.
 
Наполитанците ќе направеа клупски рекорд ако дојдеа до деветата победа по ред, но тоа не се случи.
 
Во 28. минута Абрахам имаше огромна шанса да донесе водство на Рома, излезе еден на еден со Оспина, но шутна крај голот.
 
Почетокот на второто полувреме и припадна на играчите на Наполи кои се заканија преку Осимен и Марио Руи, но ни тие не успсеаа.
 
Во 72. минута Манчини биеше со глава, многумина ја видоа топката во голот, но таа помина сантиметри крај стативата. 
 
На десет минути пред крајот Мурињо доби втор жолт картон и мораше да седне на трибините.
 
Елиф Елмас во игра влезе во 71. минута, имаше еден шут кон голот на Руи Патрисио, но португалскиот голман го одбрани неговиот удар.
 
Наполи сега има исто бодови со Милан, Рома остана на четвртата позиција која може да ја загуби ако Јувентус го победи Интер.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе