Манчестер јунајтед

Во разговор со Хабиб, Сер Алекс Фергусон го искритикува Солшер (ВИДЕО)

По крајот на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Евертон кој заврши 1-1, Сер Алекс Фергусон и Хабиб Нурмагомедов имаа разговор од кој јасно се виде ставот на легендарниот тренер за некои потези на Оле Гунар Солшер. 

За натпреварот против Евертон, Солшер реши да ги остави Роналдо и Погба на клупата, го почна мечот без нив, двајцата влегоа во текот на второто полувреме и одиграа нешто повеќе од половина час.
 
Солшер е мета на критики, Манчестер јунајтед губи бодови на свој терен, а сега јавно се виде дека ниту Сер Алекс Фергусон не се сложува со замислите на Оле.
 
Во разговор со легендарниот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов, Фергусон меѓудругото рече: „Но исто така мислам дека тие видоа дека Роналдо не игра...“. 
 
Хабиб на тоа му одговори: „Но, тој влезе во второто полувреме“.
 
Фергусон рече: „Знам, но секогаш треба да стартувате со вашите најдобри фудбалери“.
 
Посебно втората реченица на Сер Алекс Фергусон се смета за директна критика кон Оле Гунар Солшер кој реши да не почне со Роналдо и Погба.
 
Роналдо по крајот на мечот беше видно нервозен, некои сметаат дека му е лут на Солшер затоа што му даде само половина час да игра.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе