Нов случај на ковид-19 на Камп Ноу

Во пресрет на дуелот со Баерн, Барса пренесе дека и втор фудбалер е заразен со коронавирус

„Каталонците" вечерва соопштија дека уште еден нивни фудбалер е позитивен на коронавирус, се работи зa Самуел Умтити, кој е повреден и не патуваше во Лисабон за Ф8 турнирот од Лигата на шампиони.

Барселона пред неколку дена објави дека во своите редови има фудбалер заразен со ковид-19, се работеше за Жан Клер Тодибо. Французинот беше еден од деветмината фудбалири кои оваа сезона не беа дел од „каталонците“, летово се вратија и работеа одвоено од играчите кои се подготвуваа за завршницата од Лигата на шампиони.

Во пресрет на дуелот против Баерн Минхен во осминафиналето, од Камп Ноу пристигна соопштение дека уште еден нивни фудбалер е позитивен на коронавирус.

Се работи за дефанзивецот Самуел Умтити. И во овој случај нема никакви последици врз играчите кои отпатуваа во Лисабон и Ф8 турнирот, дефанзивецот е повреден и не е дел од завршницата во Лигата на шампиони.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе