За расистичките навреди врз фудбалерите на Англија во Подгорица

Во право беше Роуз кога рече дека повеќе троши во диско, УЕФА ја одреди казната за Црна Гора

Европската куќа на фудбалот ја одреди казната за инцидентот во Подгорица и расистичките навреди кои ги добија црномурестите фудбалери на Англија, Црна Гора ќе плати глоба од 20.000 евра и еден меч ќе игра без публика.

Фудбалерот на Тотнем и Англија, Дени Роуз неодамна си го отвори срцето и откри дека едвај го чека денот кога ќе стави крај на кариерата. На левиот бек му се гади од расистичките навреди кои ги добива, и на УЕФА и порача дека мора да завземе поцврст став. 

Дени Роуз кажа дека тој повеќе троши во диско отколку што федерациите плаќаат за казни, и тој веројатно е во право. 

УЕФА денеска ја одреди казната за инцидентот од минатиот месец во Подгорица и расистичките навреди кои ги добија црномурестите фудбалери на Англија, помеѓу кои и левиот бек. 

Црна Гора ќе треба да плати парична глоба од 20.000 евра и дуелот со Косово ќе го игра без публика. Исто така ќе треба да биде изложен и голем транспарент на кој ќе пишува „Стоп за расизмот“.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе