Струшки ракометен турнир

Во натпревар со многу грешки, Еурофарм Пелистер го победи Металург во Струга

Еурофарм Пелистер оствари, веројатно, клучна победа во групата А од Струшкиот турнир, против првиот конкурент за челната позиција, екипата на Металург.

Битолскиот тим славеше со 24-22, водејќи во текот на целиот натпревар. Уште рано во мечот осздаде водство, кое изнесуваше 5-2, а по 15-тина минути и 9-4, меѓутоа Металург се врати во игра, колку да ja задржи неисвесноста. Предноста на Е. Пелистер се движеше од два до три гола, а на пауза заминаа со 15-12.
 
Главен белег во играта и на двете екипи, поготово на Металург беа многуте грешки и пропуштени можности. Често правеа утки во додавање и губеа напади непотребно, меѓутоа и Металург имаше свои силни периоди, како на пример почетокот на вториот дел.
 
Во тие минути скопјани се залепија за Е. Пелистер и во неколку наврати држеа минус еден. Последно беа на 19-20, но тука некаде застанаа. Во последните десетина минути Е. Пелистер повлече серија од 3-0, поведе со 23-19 и тоа беше недостижно за Металруг.
 
Оваа победа е рамна на пласман во финалето за Е. Пелистер, со оглед дека другите два ривала од групата А се Прилеп и Струга, кои објективно заостануваат со квалитетот. Домаќинот на турнирот денеска во првиот меч загуби од Прилеп со 28-32, а во првиот натпревар од групата Б, Бутел го совлада Охрид со 25-24.
 
Натпреварите продолжуваат утре, повторно во истите три термини (17.15, 19.15 и 21.15 часот), а ќе се сретнат Бутел С. - Е. Пелистер 2, Металург - Прилеп и Вардар - Охрид, соодветно.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе