ПМФЛ

Во меч со седум голови Силекс го победи Работнички, Дембо му донесе триумф на Шкупи во Струмица

Силекс и Работнички одиграа меч со седум голови кој го доби кратовскиот тим со погодок во четвртата минута од судиското продолжение, Дарбо Дембо му донесе победа на Шкупи на гостувањето кај Академија Пандев. 

Супер интересен меч се одигра во Кратово каде Силекс го победи Работнички со 4-3. Во првите 45 минути имаше само еден гол, Ивановски реализираше од пенал во 29. минута за водство на домаќините од 1-0.
 
По пет минути игра во вториот дел Ристов зголеми на 2-0, а потоа Работнички со погодоци на Тошевски и Чумиќ го изедначи резултатот на 2-2. Силекс повторно поведе, Ивановски реализираше уште еднаш од пенал за 3-2, но во 85. минута на ист начин издначи Работнички, Јевтовски погоди од белата точка. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, Мустафов погоди во 94. минута за победа од 4-3.
 
Најдобриот стрелец во македонското првенство, Дарбо Дембо со гол во 79. минута му донесе победа на Шкупи на гостувањето кај АКадемија Пандев.
 
Интересен финиш имаше мечот меѓу Борец и Македонија Ѓорче Петров кој заврши со победа на домаќините од 2-1. Резултатот беше отворен дури во 84. минута, Пеев погоди за 1-0, а во 91. минута Ѓорѓиев зголеми на 2-0, во 95. минута гостите постигнаа почесен гол преку Фернандо.
 
Струга Трим Лум без проблеми, со 3-0 ја победи Беласица. Головите ги постигнаа Лена, Миленковски и Османи.
 
Немаше погодоци на дуелот меѓу Ренова и Пелистер. 
 
Синоќа Шкендија победи на гостувањето кај Вардар со 5-1.
 
Табела:
 
1. Шкендија 21 
2. Шкупи 19 
3. Македонија ЃП 16 
4. Борец 15 
5. Силекс 14 
6.Струга Трим Лум 14 
7. Работнички 11 
8. Вардар 11 
9. Пелистер 11 
10. Академија Пандев 7 
11. Ренова 7 
12. Беласица 1

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе