Лига Европа квалификации

Во меч со пет гола и пресврти, Црвена звезда загуби на гостувањето кај Макаби Хаифа

Црвена звезда со 3-2 загуби на гостувањето кај Макаби Хаифа, но српскиот шампион има активен резултат за реваншот од плејофот во Лигата на шампионите. 

Натпреварот почна лошо за Црвена звезда, во првите 20тина минути Макаби Хаифа тргна офанзивно со висок пресинг, а тоа резултираше со погодок на Пиерот во 18. минута од натпреварот.
 
Но радоста на домаќините не траеше долго, во 27. минута Катаи биеше, топката го удри Пешиќ, го смени правецот и заврши во мрежата на Макаби, Црвена звезда израмни на 1-1.
 
На пет минути до крајот на првиот дел се случи комплетен пресврт, Канга погоди од далечина и донесе водство од 2-1.
 
По шест минути игра во вториот дел уште еден убав гол од далечина, овојпат на Пиерот, негов втор на натпреварот за израмнување на 2-2.
 
Во 61. минута Чери постигна гол за нов пресврт на натпреварот и победа на Макаби Хаифа од 3-2.
 
Бенфика направи крупен чекор кон групната фаза откако со 2-0 славеше кај Динамо Киев кој поради војната своите домашни натпревари ги игра во Полска.
 
Немаше голови на мечот меѓу Карабак и Викторија Плзен.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе