Манчестер Сити се посочува како следната дестинација на Лео Меси, низ медиумите имаше најразлични написи за тоа каква понуда „граѓаните“ се подготвени да испратат до Барселона и каков договор да му дадат на напаѓачот.
Се шпекулираше за предлог од 100 милиони евра плус тројца играчи (Габриел Жесус, Бернардо Силва и Ерик Гарсија) како и договор за Лео Меси од 500 милиони евра, плус бонус од 250 милиони евра.
Сепак, последните информации велат дека зделката е прилично комплицирана, во Манчестер Сити ја направиле математиката и можат да го ангажираат Лео Меси само за беспари.
Аргентинецот нема да може да пристигне на „Етихад“ доколку на Барселона треба да и се плати оштета, па за реализација на трансферот, Лео Меси ќе треба да се ослободи од договорот со „каталонците“.