„Кралевите“ се во лоша форма

Во Мадрид се дебатира и за најцрното сценарио, подобро целосна елиминација отколку настап во Лига Европа

Поразот од Шахтар отвори многу прашање во Реал Мадрид, се тресе столчето на Зинедин Зидан а се дебатира и дали е подобро целосна елиминација или настап во Лига Европа.

„Кралевите" играат под очекувањата во последно време, врзаа неколку лоши резултати а алармите ги вклучи синоќешниот пораз од Шахтар и заканата од рана елиминација во Лигата на шампиони.

Зинедин Зидан изјави дека нема намера да си поднесе оставка, но отказот сигурно не му бега доколку продолжат лошите партии.

Новинарот Хозе Луис Санчез во емисијата „Хугонес“ пренесе дека Зинедин Зидан би можел да биде разрешен уште овој викенд доколку Реал Мадрид доживее дебакл против Севиља.

Сепак, речиси сите медиуми посочуваат дека дуелот со Борусија Менхенгладбах следната среда е клучен за иднината на Французинот. Елиминација од Лигата на шампионите уште во групната фаза сигурно ќе донесе отказ.

Иднината на Зизу не е единствена тема на дискусија, се води и дебата за тоа што е подобро, целосна елиминација или настап во Лига Европа.

Во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите во последното коло, Реал Мадрид може да заврши на била која од четирите позиции во групата.

Секако, сите во Мадрид размислуваат за победа и првото место, но се прават и црни сценарија во случај на пораз и се поставува прашање што е подобро, Реал уште сега да заврши со настапот во Европа или да продолжи во Лига Европа.

Многумина сметаат дека голем срам ќе биде 13-кратниот шампион на Европа да игра во второто по ранг натпреварување, дополнителен проблем е тоа што мечевите се играат само во четвртoк а со тоа се комплицира и распоредот во Ла Лига, па ако веќе не се игра во Лигата на шампиони, најдобро е да не се игра ниту во Лига Европа и фокусот да биде само на титулата во домашното првенство.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе