Еден фудбалер е особено по мерак на Клоп

Во Ливерпул се помирени дека Вајналдум заминува, идентификувале четири имиња како негов наследник

Џини Вајналдум ги одработува последните месеци од договорот, преговорите за продолжување на соработката подолго време тапкаат во место па во Ливерпул се помирени дека Холанѓанецот ќе замине.

„Црвените“ почнале да бараат замена за Џини Вајналдум и идентификувале четири имиња. Холанѓанецот ги одработува последните месеци од договорот, преговорите за продолжување на соработката подолго време тапкаат во место, се почесто се шпекулира дека тој се пресели во Барселона, па во Ливерпул се помириле дека фудбалерот од средниот ред заминува.

На радорот на клубот од Енфилд се Родриго де Паул од Удинезе, Ренато Санчез од Лил, Ивес Бисума од Брајтон и Флоријан Нојхаус од Борусија Менхенгладбах.

Се говори Јирген Клоп му има удрено мерак на својот сонародник и преферира да биде купен Флоријан Нојхаус. Германецот има солидна сезона со седум погодоци и седум асистенции, но и висока цена, односно откупна клаузула од 40 милиони евра.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе