На кои стадиони во Англија ќе се вратат гледачите?

Во Ливерпул и Лондон ќе има публика, во Манчестер не (ФОТО)

Во Англија фановите полека ќе се враќаат на стадионите, но не секаде, во зависност од бројот на заболени од коронавирус во регионите некаде ќе има публика, а некаде не. 

Владата во Англија донесе одлука од 2 декември публиката полека да се враќа на стадионите. Во зависност од бројот на позитивни случаи на ковид 19, направена е поделба на три нивоа.
 
Ако стадионите спаѓаат во првото ниво ќе можат да примат 4.000 гледачи на меч, во второто ниво 2.000, и во третото односно онаму каде што е најголем бројот на случаи на коронавирус, се уште нема да биде дозволено гледачи на стадионот.
 
Во моментов ниту еден клуб не се наоѓа во област од првото ниво. Десет клубови ќе може да примат по 2.000 гледачи, а десет ќе почекаат некои подобри времиња за да ги примат првите навивачи.
 
Од големите градови во региони од второто ниво се наоѓаат Лондон и Ливерпул, Манчестер и Бирмингем се во третото ниво, па тамошните клубови нема да моожат да имаат фанови на стадионите.
 
Од 2 декември по 2.000 фанови ќе можат да примат: Ливерпул, Евертон, Арсенал, Челси, Тотнем, Фулам, Вест Хем, Кристал Палас, Брајтон и Саутемптон.
 
 
А фанови ќе немаат: Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Лестер, Астон Вила, ВБА, Лидс, Барнли, Вулвс, Њукасл и Шефилд јунајтед.
 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе