„Каталонците“ се подготвени да претрпат голема загуба

Во Барса се свесни дека никој нема да плати 120 милиони евра за Кутињо, ќе се задоволат и со 80 милиони

Каталонскиот весник Мундо Депортиво вели дека сите на Камп Ноу се помирени дека никој нема да плати 120 милиони евра за Филипе Кутињо, па Барселона ќе биде среќна доколку некој понуди 80-90 милиони евра.

Бразилецот се пресели во Барселоно во јануари 2018 за 120+40 милиони евра, но никогаш не успеа да блесне на Камп Ноу, па пред почетокот на сезоната беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.

„Баварците“ имаат опција во целост да го купат Филипе Кутињо за 120 милиони евра, во мај треба да донесат одлука, но уште сега се најавува дека нема да го направат неговиот престој перманентен.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, на Камп Ноу веќе се помирени дека ниту Баерн Минхен, ниту некој друг клуб ќе плати 120 милиони евра за плејмејкерот. Раководството на клубот е свесно дека ќе мора да направи коренција на цената, и иако никој јавно нема да признае, тие ќе бидат среќни и со сума помеѓу 80 и 90 милиони евра.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе