Навивачите во Англија полека ќе се враќаат на стадионите на отворено, но не и во салите.
Планот е тоа да почне по втори декември кога ќе заврши „локдаунот“ во Англија.
Во зависност од бројот на заболени, во Англија е направена поделба на три нивоа. Во нивото кое е најмалку ризично ќе може по 4.000 фанови да бидат присутни на стадионите.
На второто ниво по 2.000, а на третото, во највисоко ризичните реони нема да може да има публика.