Продажбата треба да се одвива преку ФФМ

Влезници за македонските навивачи за Евро 2020 се пуштени во продажба, а ФФМ не знае ништо за тоа?

УЕФА објави дека од денеска, 17. мај се пуштени во продажба влезници за натпреварите на нашата репрезентација на Европското првенство, но од ФФМ велат дека немаат информација за тоа иако тие треба да обезбедат код за купување на влезниците. 

Во информацијата од УЕФА се вели дека влезници за нашите навивачи се пуштени во продажба од 17 мај и ќе се продаваат најдоцна до 26 мај 14 часот. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.
 
 
Фудбалската федерација на Македонија треба да обезбеди код за порталот за купување влезници за сите кои претходно ја исконтактирале федерацијата. Посочено е и лице за контакт, Билјана Велковска.
 
Иако според УЕФА продажбата на влезници за мечевите на Македонија е веќе започната, од ФФМ велат дека немаат информација за тоа.
 
Нема информација и за тоа колку влезници ќе добие нашата репрезентација и по која цена ќе се продаваат.
 
Засега од ФФМ имаме само информација дека правилото од престој три дена во Букурешт е укинато, па нашите навивачи ќе можат да го поврзат престојот и за двата натпревари кои ќе ги играме таму. Во Романија ќе може да се влезе со негативен ПЦР тест.
 
Првиот натпревар на Македонија е на 13 јуни против Австрија во Букурешт, во романската престолнина играме и на 17 јуни против Украина, а на 21 јуни е дуелот со Холандија во Амстердам.
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе