Јувентус и Интер вечерва ја завршија својата работа и мирно ќе ги чекаат резултатите на ривалите.
„Старата дама“ со пресврт стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Каљари.
Домаќините поведоа по десет минути игра, Дибала изгуби топка, Марин тргна во контра и го проигра Жоао Педро за 1-0.
Избраниците на Алегри се вратија во игра во финишот на првиот дел, Де Лихт изедначи на 1-1.
Пресвртот беше направен во 75. минута, Влаховиќ одлично се снајде и ја затресе мрежата за 1-2.
Интер рутински стигна до триумф од 2-0 против Каљари. Домаќините беа подобар противник, особено во првото полувреме, креираа неколку добри шанси а Берала и Џеко се запишаа во листата на стрелци.