Влаховиќ ја продолжи одличната форма во Јувентус, српскиот фудбалер денеска беше главен во победата на неговиот тим.
Јувентус поведе со гол на Кин во 32. минута, но осум минути подоцна Зурковски изедначи на 1-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме Влаховиќ постигна убав гол за водство на Јувентус од 2-1.
Во 66. минута Влаховиќ даде гол со лоб за предност на Јувентус и од 3-1.
На 15 минути до крајот на мечот Емполи намали со гол на Ла Мантиа, но не успеа да се спаси од пораз. Мечот заврши со 2-3.