Се водат преговори

Влаховиќ го сели „нашиот“ Кулушевски во Лондон?!

Дејан Кулушевски е во потрага на нов клуб, последните информации говорат дека Тотнем отворил преговори со Јувентус, а интерес пројавува и Арсенал.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски ќе биде првата „жртва“ по трансферот на Душан Влаховиќ во Торино вреден 75 милиони евра.

Офанзивниот фудбалер беше понуден на Милан, но големи се шансите да ја напушти Серија А и да се пресели во Лондон.

Како што пренесува „Атлетик“, Тотнем работи на ангажман на Дејан Кулушевски, „спарси“ сакаат да го донесат на позајмица со опција или обврска за перманентен трансфер.

Интерес за неговите услуги пројавува и Арсенал, се говори дека утрово имало конференциска врска помеѓу спортскиот директор на Јувентус, Федерико Керубини и неговиот колега од таборот на „топчиите“, Еду.

Тема на разговор биле неколку фудбалери, Јувентус се распрашувал за Пјер Емерик Обамејанг, а Арсенал за Дејан Кулушевски и Артур.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе