Легендарниот Џон Бон Џови ги издаде „баварците“

Виски и пиво е тајната на Баерн Минхен за големата победа над Челси

Светската рок ѕвезда, Џон Бон Џови раскажа неверојатна приказна, во понеделникот вечерва седел со играчите на Баерн Минхен во бар и тврди дека тие пиеле виски и пиво.

„Баварците“ синоќа го надиграа Челси среде Лондон, триумфираа со 0-3 и со една нога веќе се во четвртфинале од Лигата на шампионите. Победата изгледа уште поимпресивна по неверојатната приказна која ја раскажа Џон Бон Џови.
 
Светската рок ѕвезда како гостин на Токспорт откри дека во понеделникот вечерта имал некоја работа во хотелот во кој престојувала и експедицијата на Баерн Минхен и во барот седел со фудбалерите кои пак се релаксирале со виски и пиво.
 
„Имав некоја работа и во барот ги сретнав играчите на Баерн. Со помош на виски и пиво го надиграа Челси. Не се шегувам, со сигурност тврдам дека момците од Баерн пиеја виски и убаво се забавува, и потоа истрчаа на теренот и го растурија Челси“ – вели Џон Бон Џови.
 
„Со ова сигурно ќе им направам големи проблеми на сите!“

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе