Избраниците на Клоп на пат кон нова историја

Виси рекордот на Фергусон и Јунајтед од 2001, кога Ливерпул може да ја освои титулата во Премиерлигата?

„Црвените" синоќа уште еднаш покажаа дека се незапирливи оваа сезона, со пресврт го совладаа Вест Хем за нови три бода и сега само прашање на време е кога ќе станат шампиони на Англија.

Пред две сезони, Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола урна еден куп рекорди и стигна до титулата во Премиерлигата на претходно невиден начин освојувајќи 100 бода.

Оваа сезона може да биде испишана нова историја, избраниците на Јирген Клоп играат фантастично, Ливерпул има освоено 79 од можни 81 бод и позитива од дури 22 бода на врвот на табелата.

Речиси никој повеќе не помислува дека клубот од Енфилд може да ја прокоцка титулата и само прашање на време е кога „црвените“ ќе станат шампиони.

На Ливерпул му се потребни уште 12 бодови за да го освојат трофејот за прв пат по 30 години. Доколку победат на следните четири натпревари, секако под услов и Манчестер Сити да победи на своите натпревари, титулата најрано може да биде освена на 21. март кога на Енфилд гостува Кристал Палас, што ќе преставува и нов рекорд (претходно најрано титулата беше освоена во 2000/2001 кога Манчестер јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон стана шампион на 14. април, односно пет кола пред крајот).

Сепак, доколку „црвените“ следната недела го победат Челси во ФА Купот, тогаш мечот со Кристал Палас ќе биде преместен, па Ливерпул титулата ќе треба да ја потврди на гостувањето кај Манчестер Сити на 5. април, каде ќе им биде доволен и бод.

Секако, Ливерпул може и порано да стане шампион доколку Манчестер Сити киксне на своите мечеви, „граѓаните“ имаат две големи пресметки во следниот период, гостуваат на Олд Трафорд кај Манчестер јунајтед како и на Стемфорд Бриџ кај Челси.

Распоред на Ливерпул:

29. февруари против Вотфорд (гости)
7. март против Борнмут (дома)
16. март против Евертон (гости)
21. март против Кристал Палас (дома)
5. април против Манчестер Сити (гости)

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе