Голем пех за Салах во Киев

Виси настапот на Салах во Русија, Клоп порача: Повредата е многу лоша за сите, особено за Египет!

Египет нервозно ќе ги чека резултатите од рендген снимката на Мохамед Салах по која ќе се знае точниот тип на повредата и дали играчот ќе може да настапи на Светското првенство

Ливерпул нема по убаво да го памети Киев, „Црвените“ вечерва загубија во финалето од Лигата на шампионите по две неверојатни грешки на голманот Лорис Кариус. Клубот од Енфилд исто така еден час играше без својот најдобар играч, Мо Салах кој се повреди по еден дуел со Серхио Рамос.


Египјанецот не само што не можеше да му помогне на Ливерпул, сега би можел да остане и без настап на Светското првенство.

Мохамед Салах го повреди рамото откако незгодна падна на тревата и сега се чека рендген снимката која треба да го покаже точниот тип на повредата. Фудбалската федерација на Египет соопшти дека нивниот доктор е во постојано комуникација со колегите од Ливерпул, и по деталните тестови ќе се знае какви чекори ќе бидат превземени.

Дека се работи за незгодна повреда потврди и самиот Јирген Клоп: „Мо замина во болница на рендген снимка. Или се работи за клучната коска или пак за самото рамо. Повредата е сериозна. Ова е навистина лошо за сите, за Мо, за Ливерпул и особено за Египет“.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе