Копа дел Реј

Винисиус со атрактивен волеј ја потврди победата на Реал, но Бернабеу не бил попразен оваа сезона (ВИДЕО)

„Кралевите" се радуваат напрвиот триумф во 2019 откако со 3-0 ја добија пресметката против Леганес во осминафиналето од Копа дел Реј, Винисиус со атрактивен гол стави точка на мечот.

По двата киксна во Ла Лига на стартот од новата година, Реал Мадрид им се врати на победите. Вечерва избраниците на Солари со 3-0 го совладаа Леганес во првиот меч од осминафиналето во Копа дел Реј.

Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел, Рамос од пенал погодои за 1-0. Лукас Вазкез зголеми на 2-0 откако гостите загубија топка на својата половина, а конечниот резултат беше дело на младиот Винисиус кој одлично закачи еден волеј во 77. минута.

Мечот против Леганес сепак нема да биде запаметен по добро кога е во прашње посетеноста. Откако си замина Кристијано Роналдо, бројките драстично паднаа, а вечерва на трибините имаше нешто на 44.000 фанови, што е ново дно и најмала посетеност оваа сезона.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе