Ла Лига

Винисиус и Бензема во самиот финиш му донесоа победа на Реал Мадрид на Местаља (ВИДЕО)

Винисуис Жуниор и Карим Бензема се творците на голема победа за Реал Мадрид над Валенсија обезбедена во финишот од натпреварот. 

Во првото полувреме мрежите мируваа. Резултатот беше отворен во 66. минута Дуро донесе водство за Валенсија.
 
Времето одминуваше, се помали стануваа шансите на Реал Мадрид, но тандемот Винисиус - Бензема се разбуди и донесе победа.
 
Најпрво во 86. минута Бензема додаде до Винисиус кој погоди за израмнување на 1-1.
 
Две минути подоцна Винисиус нафрли, Бензема постигна гол со глава за победа на Реал Мадрид од 2-1.
 
Реал Мадрид со оваа победа се искачи на првото место на табелата во Примера со два бода пред Атлетико Мадрид и три пред Валенсија.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе