Бразилецот заминува во Арсенал

Вилијан со отворено писмо се збогува од фановите на Челси (ФОТО)

Вилијан по седум години заминува од Челси, Бразилецот денеска се збогува со навивачите на сините, неговата следна дестинација би требало да биде Арсенал. 

Вилијан заминува од Челси откако неговиот договор истече, а не најде заеднички јазик со раководството за продолжување на соработката. 
 
Веројатно ќе остане во Лондон, но ќе се пресели во северниот дел од градот, во тимот на Арсенал.
 
Тој денеска со отворено писмо се збогува од навивачите на Челси.
 
„Поминаа седум прекрасни години. Кога во август 2013 година добив понуда од Челси, бев уверен дека треба да одам таму да играм. Денеска сум сигурен дека тоа беше една од моите најдобри одлуки. Имаше многу среќни моменти, имаше и тажни, имаше трофеи и секогаш беше многу интензивно“.
 
„Покрај трофеите, научив многу за себе. Се развив, станав подобар играчи и подобра личност. Со секој тренинг, со секој натпревар, со секоја минута помината во соблекувалната, секогаш учев“.
 
„Навистина сум многу благодарен на фановите на Челси за начинот на кој ме примија на Стемфорд Бриџ, и за нивната поддршка во текот на мојот период во клубот. Исто така имаше и критики што е нормално, она што е важно е дека и поддршката и критиките секогаш ме тераа да давам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар, констнатно да се трудам да напредувам до мојата последна минута во дресот на Челси“.
 
„Сега дојде време за збогум. Навистина ќе му недостасуваат соиграчите. Ќе ми недостасува целиот персонал во клубот кој секогаш ме третираше како син и ќе ми недостасуваат фановите. Заминувам со високо крената глава, затоа што знам дека тука освојував трофеи и секогаш го давав најдоброто од мене во дресот на Челси“.
 
„Ви благодарам од се срце на сите вас и Бог нека ве благослови“.
 

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе