Задолжителното тестирање направи проблеми

Викендов ќе нема фудбал во Македонија, новите протоколи го одложија колото

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека е одложено 11-то коло во Првата лига, односно 10-то коло во двете Втори лиги, причина се новите протоколи според кои пред секој натпревар треба да се вршат тестирања на играчите и тоа на трошок на клубовите.

Викендов ќе нема фудбал во Македонија, новите прогоколи го одложија колото. Како дел од новиот сет мерки за справување со пандемијата на коронавирус, на сила стапува Општиот протокол за организирање на спортски натпревари кој налага задолжително тестирање пред секој меч и тоа на трошок на клубовите.

Па комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека е одложено 11-то коло во Првата лига, односно 10-то коло во двете Втори лиги.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) - 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ - Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“ – гласи известувањето на ФФМ.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе