Видеолотарија спонзор на првиот меѓународен фудбалски турнир Вардар куп 2022

Со задоволство информираме за уште една спортска акција поддржана од Видеолотарија касинос Австрија, овојпат со уште поблагородна мисија, посветена на најмладите. Како општествено одговорна компанија, секогаш ги препознаваме можностите и иницијативите за негување на спортскиот дух. Видеолотарија касинос Австрија е спонзор на првиот меѓународен фудбалски турнир Вардар куп 2022, кој ќе се одржи во Скопје, во јуни (9-12), под покровителство на фудбалскиот клуб Вардар АД Скопје.

Нашата поврзаност со спортот е неодминливо задоволство и одговорност, но кога велиме спорт не мислиме само на големите имиња како Горан Пандев, Кире Лазаров, Игор Стефановски… За да стигне до тие триумфални височини, секој спортист мора да го изоди тешкиот пат преку кој талентот се трансформира во квалитет, а квалитетот во врвни резултати. За сето тоа потребно е многу работа и вложување во секоја смисла и затоа Видеолотарија Касинос Австрија посветува внимание, средства и време, за да им помогне на талентираните, идни фудбалски ѕвезди.

Спонзорирањето на турнир како Вардар куп 2022 е уште една благородна акција во рамки на нашата општествено одговорна работа и негување на правилните вредности и спортските навики, Видеолотарија касинос Австрија обезбеди спонзорство вредно 10.000 евра. Најтрофејниот македонски кулб, ФК Вардар, ќе има улога на домаќин на овој силен меѓународен турнир за играчи до 14 години (генерација 2008), кој ќе се одржи од 9 до 12 јуни. Ќе учествуваат младински екипи на реномирани клубови од Балканот.

 Вардар ќе биде во групата А заедно со екипите на Црвена Ѕвезда (Србија) и Зоетермер (Холандија), додека во групата Б ќе се натпреваруваат Партизан (Србија), Осијек (Хрватска) и Лудогорец (Бугарија). Сите натпревари ќе се одвиваат на фудбалскиот комплекс во населбата Хиподром.

Фудбалот е најважната споредна работа на светот, но децата се главните двигатели на иднината, затоа Видеолотарија Касинос Австрија има чест да биде спонзор на првото издание на ВАРДАР КУП 2022, со желби дека турнирот ќе прерасне во традиција и ќе претставува препознатлива станица на патот на обликување на новите фудбалски ведети од Македонија и од Балканот.

Комерцијален текст

 

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе