Ова игралиште е петто по ред од овој тип, во склоп на проектот „Играј со најдобрите“. Претходно веќе беа ставени во функција игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија и Лојане.
„Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно спортско игралиште на кое младите ќе може да играат ракомет, фудбал, кошарка. Игралиштето има нова подлога, спортски реквизити, ограда, со што овозможуваме децата да играат и спортуваат безбедно“, рекоа од Видеолотарија.
Директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска изрази благодарност до Видеолотарија касинос Австрија, нагласувајќи дека со ова игралиште, училиштето ќе биде пример како да се развива и унапредува воспитно-образовниот процес, но и како треба да се негува спортскиот дух како важен дел од развојот на младите.
И градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се заблагодари на Видеолотарија, истакнувајќи дека оваа донација е дел од заложбата за вложување во спортската инфраструктура на градот.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
Комерцијален текст