НБА

Вестбрук сруши неверојатен рекорд, но промаши тројка за победа (ВИДЕО)

Расел Вестбрук стана кошаркарот со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА лигата откако го помина и Оскар Робертсон, Вашингтон загуби кај Атланта со 125-124, а тој промаши шут за победа во последните секунди. 

Рекордот на Оскар Робертсон до пред неколку години изгледаше несоборливо, но Вестбрук полека се промовираше во крал на трипл-дабл учиноците и синоќа испиша историја.
 
На мечот против Атланта, Вестбрук го направија својот 182. трипл-дабл учнок во кариерата, го помина Робертсон и го урна неверојатниот рекорд.
 
Тој постигна 28 поени, имаше дури 21 асистенција и 13 скокови. Најефикасен на мечот беше Јанг од Атланта со 36 поени.
 
 
 
Вестбрук во последната секунда имаше шанса да донесе победа за Вашингтон, но го промаши шутот, на крајот Атланта славеше со 125-124.
 
 
Резултати:
 
Атланта - Вашингтон 125:124
Кливленд - Индијана 102:111
Мемфис - Њу Орлеанс 115:110
Сан Антонио - Милвоки 146:125
Голден стејт - Јута 119:116
Портланд - Хјустон 140:129

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе